Настани

Господар на Скопје и други песни, книжевна вечер со Ахмед Буриќ, од Босна и Херцеговина, гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

gos

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје престојува познатиот босанкохерцеговски колумнист, книжевник и преведувач Ахмед Буриќ.

Во негова чест, на 10 октомври, сабота, со почеток во во 20 часот ќе се одржи поетска вечер, во арт кафето, Децата од нашата улица, во Дебар Маало. Книжевната вечер ќе биде колажна во која пријателите на Ахмед Буриќ, поетите Јовица Ивановски и Тухомир Јанчовски, ќе читаат стихови од Буриќ и книжевно ќе разговараат за состојбите на книжевната и не само на книжевната сцена на просторите на поранешна Југославија. Како гости на вечерта се поканети и Добрила Грашеска, од македонскиот култен етно бенд, Чалгија саунд систем, сликарката Цветанка Јованова, и легендарниот Тони Кукавица. Вечерта е замислена како отворено надоврзување на пријатели од скопската уметничка заедница што Буриќ ја стекна во неговиот веќе тринеделен престој во Скопје.

Целта на резиденцијалната програма е авторите подлабоко да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје продлабочувајчи ги своите контакти и развивајќи ја соработката со македонската книжевност и култура. Авторите во Скопје работат на своите дела или преводи, посетуваат културни настани, организации и институции. За време на престојот на Ахмед Буриќ, поетот и преведувач Тихомир Јанчовски веќе приготви избор од поезијата на Ахмед Буриќ доволен за цела книга. Во тој избор се вклучени и песни тукушто настанати под импресиите од престојот на Буриќ во Скопје.

Ахмед Буриќ (1967) е босанскохерцеговски книжевник, преведувач и новинар. Живее и работи во Сараево. Има објавено три збирки поезија: Богот на транзицијата (2004), Последните солзи на нафтата и крвта (2008) и Мајчин јазик (2013). Во подготовка е избор на неговата поезија на словенечки Портите на рајот и на македонски Господар на Скопје и други песни. Преведуван е на различни јазици. Пишува поезија, проза и колумни



Остави Коментар