Германска метропола во пролетта 2013 година: поглед врз тројца луѓе кои во едно несигурно време се борат за своите идеали. Беба, која бега од сиромаштијата во нејзината татковина, сонува за кариера како пијанистка и работи како проститутка.
Иза е студентка која веќе не сака да го живее својот безгрижен живот. Сака да направи нешто што ќе му даде смисла на тој живот – и среќава група левичарско автономни активисти, кои бранат еден илегален бегалски камп.
Ниту сенаторот за внатрешни работи, Отен, не останува недопрен од актуелните случувања; сè почесто се присетува на сопствената бунтовничка младост – но веќе нема разбирање за оваа бунтовност.
Роман за копнежот по доброто, за тројца луѓе кои мораат да се потврдат себеси, кои посакуваат другите да ги забележат – и на моменти забораваат за што всушност се борат.
Превод од германски јазик: Ксенија Чочкова-Гизе.