Етички кодекс

Го усвојуваме уверувањето дека како сопственици, вработени, автори и соработници на издавачката куќа “Готен” обврзани сме да се држиме до следниве високи стандарди за професионално поведение и етичко однесување.

  1. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” ќе полагаат право на авторство на одреден текст само ако имаат дадено суштински придонес. Авторството може легитимно да се бара доколку:
    • обликувале концептот и идејата на текстот;

    • активно учествувале во изведувањето на трудот;

    • ги анализирале или интерпретирале податоците;

    • го напишале ракописот.

  2. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” нема да додаваат или да бришат други автори од ракописот поднесен за објавување без согласност на тие автори.
  3. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” нема да вклучат како коавтор никого кој не се согласил со содржината на последната верзија на ракописот.
  4. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” нема да предадат за објавување никаков ракопис кој содржи податоци што тие немале одобрение да ги употребат. “Готен” претполага дека изворните автори имаат право на контрола врз користењето на сите податоци коишто не се објавени доколку тоа не е експлицитно нагласено со договор или пишана согласност.
  5. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” нема да ги претстават своите трудови како нови доколку тие се објавени или поднесени за објавување другаде, или да остават ракопис за објавување додека тој чека да биде рецензиран или објавен на друго место.
  6. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен”, уредниците или рецензентите ќе се однесуваат кон ракописите со дискреција, признавајќи му го интелектуалното право на авторот.
  7. Кога ќе ги употребуваат идеите или резултатите на други чии ракописи се поднесени за објавување, вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” ќе ги споменат целосно изворите. Доколку идеите или резултатите не се објавени, не смеат да бидат употребени без дозвола на изворниот автор. Илустрации, табели или прилози од други публикации или ракописи можат да се употребат само со дозвола на оној кој ги поседува авторските права.
  8. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” нема да бидат уредници или рецезенти на ракопис доколку извесни сегашни или минати односи со авторот или авторите, или нивните институции можат да го попречат објективното валоризирање на делото.
  9. Вработените, авторите и соработниците на издавачката куќа “Готен” нема свесно да го одложуваат објавувањето на чија било публикација со цел да стекнат предност во однос на авторот или трудот.
  10. Авторите на публикациите веднаш ќе ги известат уредниците за какви било грешки во делото или во толкувањата до кои ќе дојдат откако делото е приложено за публикација