Видео за романот на „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел
Превод од германски јазик: Ива Фиданчева
„Средиштето на светот“ е роман за проблемите поврзани со растењето, пубертетот,
зависта и љубомората, пријателството и љубовта.
Седумнаесетгодишниот Фил се чувствува како аутсајдер уште откога знае за себеси. Но, и
покрај различните чувства што го обременуваат решава да не остане само пасивен
набљудувач на својот живот. Секако дека не може да биде таков кога е опкружен со
својата мајка Глес, која го живее животот по свои правила и го поттикнува Фил да биде
еднакво силен. Тука се и неговата сестра Дајан, која е непредвидлива и своеглава, со
сопствени тајни; неговиот чичко Гејбл, пензиониран војник; неговиот најдобар пријател.
Кат, кој е великодушен но посесивен. И конечно, тука е и далечниот Николас, во кој Фил
се вљубува… сè додека не се соочи со изневерување и конечно мора да го пронајде своето
место во светот.
Романот беше номиниран за престижната Германска награда за млада литература.
Видеото за книгата „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија.