Писателот од Бугарија Николај Бојков во ноември престојуваше на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Во рамки на престојот, Бојков се запозна со книжевната сцена во Македонија, оствари средби со неколку уредници од издавачки куќи, а особено е важно да се истакне дека направи превод од македонски на бугарски јазик на прозни текстови на неколку македонски автори, меѓу на Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Ѓорѓи Крстевски, Иван Шопов итн.
Николај Бојков е поет, прозаист, преведувач, публицист и литературен критичар. Роден е 1968 година во Видин. Завршил унгарска филологија и работел и од 1998 до 2005 година работел како професор по унгарски јазик и литература на Универзитетот во Софија. Во 2000 година ја објавува својата прва поетска збирка „Метафизика“. Потоа следуваат поетските збирки „Песни со биографија“ (2003) и „Изјаснет во љубовта“ (2005). Во 206 година го објавува епистоларниот роман „Писма до Петер“, а во 2010, „Книга на животот“. Негова најнова книга е „101 посвета“ (2019)
Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Поради ковид протоколите разговорот се водеше онлајн.