Поетот и прозаист Звонко Карановиќ од Србија во текот на месец мај престојуваше во Скопје, како автор во резиденција „Апсолутно модерен“ во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки. За време на престојот во Скопје тој беше еден од ексклузивните гости на 4. Меѓународен литературен фестивал „Про-за Балкан“. Годинава на фестивалот беа извонредна група на писателите како Георги Господинов до Бугарија, Марко Видојковиќ од Србија, Андреј Блатник од Словенија, Асли Перкер од Труција и Луан Старова од Македонија. Звонко Карановиќ истакна дека бил многу пријатно изненаден од гостопримливоста на луѓето во градот....
Карановиќ: Имав потреба да ги раскажам нашите приказни
