Tag: Саем на книга

Станка Храстељ се претстави пред скопската публика

stanka hrastelj

Во Скопје се одржа поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ (1975г.), прва од новите шест автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Пред публиката во кафе книжарницата Магор воведна реч за поетесата одржа д-р Владимир Мартиновски, а стиховите на македонски ги кажуваше препејувачот на Храстељ, Дарко Спасов. Музичка поддршка на настанот даде групата Тркалезна маса, адхок бенд на неколку познати музичари. Вечерта беше шанса за македонската јавност подобро да се запознае со една од најдобрите авторки од средната генерација, чија збирка поезија Господине, имаме нешто за вас! беше издадена...

Продолжи со читање →

Македонија со национален штанд и богата програма на Меѓународниот Саем на книгата во Лајпциг, Германија

leipzig2012flaer

Во рамките на повеќегодишната соработка со мрежата Традуки, на Саемот на книгата во Лајпциг што се одржа од 15 до 18 март 2012 година, издавачката куќа Готен организира национален штанд на Република Македонија. Со тоа претставувањето на Македонија на Саемот на книгата се издигна на највисоко ниво. На штандот беа изложени дела од современи македонски писатели, речиси сите коишто имале свој превод на дела на германски јазик, неколку монографии за Македонија

Продолжи со читање →