Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер, тој во рамките на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во текот на месец јуни престојува во Скопје. Роден е 1986г. во Варна. Во 2010 година дипломирал режија на драмската академија "Крсто Сарафов", каде што работел по текстови на Гогољ, Молиер, Ведекинд. Литературно деби му е расказот "Малакоф, сакам да остарам", кој е награден на конкурсот "Екстаза" на списанието "Алтер" (2006). Следат неколку награди и номинации од различни поетски конкурси. Два пати ја добива втората награда на Националниот...
Бугарскиот писател и театарски режисер Петар Денчев во Скопје
