(Рецензија на Сашо Огненовски за романот на Лоф Ју „Прегрни ме цврсто“ во изданаие на Готен, Скопје, 2022г.)
Кога зборуваме за љубовта секогаш се фокусираме на нејзиниот флуид, но кога ќе се доближиме до него или неа, тогаш во нејзините жили навлегуваат стратегиите и плановите како да се задржи, да се присвои или, како што понекогаш се вели, да се конзумира.
Љубовните струења понекогаш заминуваат во погрешен правец, залажуваат или исчезнуваат во привид, согоруваат во нереализираноста, но и во нејзината горчина. Романот на Лоф Ју „Прегрни ме цврсто“ говори токму за тоа согорување, за потрагата на неколку млади луѓе по вистинската љубов, по вистинската личност која ќе ги обземе. Лоф Ју е псевдонимот на двајца млади автори Адриа Фонт и Инма Суст. Адриа Фонт е актер и драматург, додека Инма Суст е новинарка. И двајцата го користат псевдонимот кој го има призвукот на најомилената синтагма во светот „те сакам“.
Оваа ведра љубовна приказна се случува меѓу тинејџери и користи слична матрица која ја препознаваме во американските телевизиски серии од формат на Беверли Хилс, или од хиспаноамериканските тинејџерски серии како што е Rebelde Way. Но, овие двајца млади автори во овој роман отидоа и чекор подалеку: приказната за љубовните авантури на Принцез и младите тинејџери околу тие прекрасни девојки ја обвиле во една поетичност која импонира и воодушевува.
Романот „Прегрни ме цврсто“, како и што кажува самиот наслов е посветен на флуидната љубов, онаа која во својот предзнак ја носи во прв пред симпатијата, а потоа и најубавите нејзини состојки: бакнежот и прегратката. Младите автори раскажувајќи ја приказната за младите вљубеници како да ја испреплетуваат низ мрежата на прегратката која постојано се споменува во најразлични прилики, а ја има и во цитатите со кои започнува секоја глава од романот. Но, оваа приказна е составена од многу помали кои ги развиваат младите Ана, Серхио, Силвија, Маркос, Давид, Беа, Естела а тука се и Нереа, оној кој е виновен за страдањето на Естела, Лео, како и епизодните улоги чија функција е од витално значење: Ману, Начо и родителите на младите тинејџери.
Се чини дека нема љубовна игра без љубовен триаголник. Но, нема ни симпатија без страдање. Овие се крајпатните станици на оваа љубовна приказна која се мултиплицира на најразлични начини кај сите главни протагонисти.
Целата рецензија ќе можете да ја прочитате на следниот линк елементи.мк