Новости

Промоција на „Стакларница“ од Даниел Одија во Скопје

Во „Стаклраница“ Одија главно пишува за проблемите на младите луѓе од општествените маргини додека се борат со недостиг на работта и животни перспективи. Со користење специфичен јазик, сленг, необични идиоми, авторот создава галерија ликови кои често се изгубени, исклучени од пософистицираните општествени текови, приудени да се борат за својата основна егзистенција. За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана.

Даниел Одија (1974) е еден од најзначајните полски писатели од поновата генерација. Освен раскази, објавил и неколку романи.

Сепак, Одија е вистински мајстор за контрапункот и хуморот, па колку и неговиот пристап во создавањето на реалноста да е натопен со боите на црниот реализам, расказите истовремено пулсираат со некој вид поетска свежина.

За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана.

Преводот на книгата од полски на македонски јазик е на Филип Димевски.

Објавувањето на збирката раскази „Стакларница“ се реализира во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од книжевности што припаѓаат на балтичкиот регион.

Објавувањето на книгата е поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Автор на фотографии Соња Ставрова.



Остави Коментар