Во четврток, 22 септември, во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде претставен романот Поклонение од Тијт Алексеев, кој е гостин на Издавачката куќа Готен по повод објавувањето на овој роман
Овој несекојдневен автор на далечната естонска литература, кој е добитникот на европската награда за литература, пред публиката во Струга ќе го претстават професорката и книжевен критичар Елизабета Шелава и писателот Роберт Алаѓозовски.
Гостувањето и преводот на книгата од Тијт Алексеев е овозможено преку програмата Креативна Европа на Европската унија во рамките на проектот „Подлабока Европа, поширок опсег“ во која на македонски беа преведении дела од помалку познати книжевни средини, како малтешката и естонската.
Романот, Поклонение, е негово второ дело објавено после шпионски трилер Белото кралство, во кое тој се сврте кон историографската метафикција. Нурна длабоко во средниот век, нешто што исто така е реткост. Романот раскажува за светот на крстоносните витези, длабоко контемплирајќи над вредностите што ги мотивирале витезите-монаси, истовремено мешајќи елементи од трилер и шпионска афера, слично на манирот на великанот Умберто Еко. Сепак, книгата својата вредност ја стекна како приказна за љубовта и лојалноста, предавството, човечките односи и етичките идеали.
За да го напише Поклонение (2008), Алексеев десет години собирал материјал и ги посетил локациите на главните битки во Светата Земја. Романот е базиран на хрониките за Првата крстоносна војна во 11-тиот век, со Ерусалим како сон во нивните глави. Главниот лик е обичен војник од непознато потекло од некоја земја далеку на север, кој под името на неговиот пријател Дитер е еден од поклониците-војници на Грофот од Тулуз и е оној кој учествуваше во освојувањето на Антиохија со помош на предавство . Романот зборува за важноста на меѓучовечките односи, како и за лојалноста, љубовта, пријателството. Точноста на реконструкција на средновековниот свет ни ја раскажува приказната за моралните вредности на тоа време. Дитер ја прераскажува својата приказна како стар манастирски градинар од јужна Франција. Интересните медитативна визии, внатрешните монолози и особено прашањето поради кои идеали луѓето решиле да заминат на поклонение и да се изложат на големо страдање, го создава психолошкиот преглед на внатрешниот свет на крстоносците, во исто време давајќи добар преглед на тоа како била планирана крстоносната војна, изведена и образложена. Книгата е своевидна карта и хронологија на оваа крстоносна војна; тоа е длабок поглед во историјата на европската мисла со продорна психологија, а сепак тоа е, исто така, и интензивен историски трилер, повторно многу живописен, со измешани чувства од долгитеденови на патување и водење битки, со вкусот на крвта и копнежот за љубов. Алексеев не пишува само за собиитијата што одамна ги нема, тој пишува за крстоносните војни, без разлика дали се средновековните или оние од денешенните времиња, конфликтите меѓу Истокот и Западот, со уникатен и убав јазик.