Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Утехата за Адамовото дрво
Збирката раскази Утехата за Адамовото дрво од современата латвиска писателка Инга Жолуде (1984) опфаќа различни сцени од урбаниот и руралниот живот на современата Латвија. Специфичен аспект на прозата на Жолуде е способноста да се уништи секоја граница меѓу реалноста и фикцијата, познатото и непознатото, локалното и глобалното. Понекогаш е тешко да се претпостави на кое место и во кое време се случуваат овие раскази, а понекогаш убавината на текстот се состои токму во специфичната локална боја и колорит. Овие раскази силно ја одразуваат атмосферата на Европа од почетокот на XXI век, па затоа за многу критичари книгата е една од најважните прозни дела објавени во Латвија во изминатите неколку години.
За Утехата за Адамовото дрво, Жолуде во 2011 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија.
Превод од англиски јазик: Василка Пемова
Книгата е издадена со поддршка на програмата за култура на Европската Унија
200.00 ден
Детали за Книгата
Страници | 224 |
---|---|
Дизајн на насловна | Бранко Прља |
Издавачка куќа | Готен |
Јазик | македонски |
ISBN | 978-608-4625-89-6 |
Издадена | 2017 |
Едиција | Контемпоранеа |
Критики
Нема критики сеуште.