Суштинското

Суштинското за секого е нешто друго. За Ханс Фрамбах тоа се злоделата од времето на нацистите, поради кои страда откога знае за себе. Затоа и станал архивар во Институтот за стопанисување со минатото; но во меѓувреме се прашува дали не е време за друга работа.

И за неговата најдобра пријателка Грациела во средиштето на нејзиниот живот стои ова минато – сѐ додека не запознае еден маж, во кој се вљубува, поради што почнува за суштинско да го смета телесното спојување на половите; концепт во кој подоцна ќе се посомнева.

Но може ли да се направи национал-социјализмот одговорен за сѐ? Всушност сепак неспособноста да бидат среќни е она што ги прави толку чудни ликови Ханс и Грациела. Само што тие самите својата несреќа не ја сметаат за дадена од Бога, туку од нацистите. А државата во која живеат ги поддржува во нивното размислување дека тоа е суштинското.

60.00 ден

За Авторот

Ирис Ханика

Романот покажува како злоделата од времето на нацизмот нѐ држат во своите канџи до денеска, и притоа не пропушта да нагласи до какви апсурдности води професионализирањето на комеморацијата. Зашто и таму има нешто суштинско: нашата беспомошност во однос на големото злодело, што некогаш било извршено во наше име.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Суштинското”