Тијт Алексеев е сосема необичен автор во естонската книжевност. Не по тоа што неговите дела се исклучително експериментални, туку по обратното, по тоа што тој посега по добрата, веќе етаблирана, иако не и во Естонија, жанровска литература. Неговото прво дело Белото кралство е шпионски трилер, што се одвива во дипломатските кругови во Париз. Дотогаш непубликуван жанр во естонската литература.
Поклонение
Со Поклонение Тијт Алексеев се сврте кон историографската метафикција. Нурна длабоко во средниот век, нешто што исто така е реткост. Романот раскажува за светот на крстоносните витези, длабоко контемплирајќи над вредностите што ги мотивирале витезите-монаси, истовремено мешајќи елементи од трилер и шпионска афера, слично на манирот на великанот Умберто Еко. Сепак, книгата својата вредност ја стекна како приказна за љубовта и лојалноста, предавството, човечките односи и етичките идеали. Проследувајќи ја хронологијата на првиот крстоносен поход и неискривувајќи го јазикот на воената кампања, романот сепак се оттргнува од стереотипните согледувања, што крстоносните војни ги гледаат како поход предизвикан од алчност. Напротив, тој се обидува да ги растајни духовните мотиви потребни да се влезе во една таква авантура. Романот ја доби престижната награда за литература на ЕУ.
60.00 ден
Критики
Нема критики сеуште.