Небото е повторно на своето место

Романот „Небото е повторно на своето место“ е приказна за Патриција, млада манекенка, која изгледа судбински е предодредена да стане позната и успешна. Во продолжение, романот се развива како една суптилна, иако по малку стравична мистерија за цената што треба да се плати за нечиј успех.

Како што оценуваат критичарите Санчез е мајстор да создаде психолошки уверливи и комплексни ликови, заедно со тензичниот наратив.

Санчез сака да каже колку е животот непредвидлив, и како едно навидум случајно нешто може да го разјаде човека одвнатре и да го осуди на пропаст. Недовербата и сомнежот е современата болка која го разјадува општеството, заклучува Санчез со една префинета луцидност, но и игрива суровост.

Романот ја доби престижната награда за роман Премио Планета за 2013 година, воедно станувајќи и светски бестселер.

60.00 ден

За Авторот

Клара Санчез

Клара Санчез е шпанска новелистка и професорка на факултет. Веќе во 2000 година со нејзиниот роман во кој ја истражуваше збунетоста и оттуѓувањето на денешната младина ја доби престижната Алфагвара награда. Нејзините дела се печатат со голем успех во Шпанија и во Латинска Америка. Во 2010 Санчез ја доби и најпосакуваната награда за книжевност во Шпанија, Премио Надал, за еден психолошки трилер во коj еден преживеан шпански републиканец од концентрациониот логор Маутхаузен Грусен се среќава со постара двојка германски туристи во Коста дел Сол. За овој роман ја доби наградата за роман Премио Планета за 2013 година, која стана и светски бестселер.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Небото е повторно на своето место”