Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Кога заврши војната
Книгата Кога заврши војната на современиот германски писател Арно Сурмински (1934) е составена од 29 раскази во кои авторот ги опишува последниците од Втората светска војна и искуството на ужасот од поствоениот период. Потпишувањето на капитулацијата во 1945 година, за милиони луѓе не значи и завршување на војната. Таа на еден начин продолжува да трае во луѓето кои мора да се соочуваат со нејзините последици. Надворешните борби се престанати, но внатрешните конфликти и чувството на мачнина кај огромен број поединци продолжуваат. Авторот го истражува внатрешниот пејзаж на тие луѓе фатени во оваа егзистенцијална замка. Тоа го прави без трошка патетика, со згуснати, напнати и минималистички описи, кои на конкретните ужаси и страдања им даваат општочовечка и безвремена димензија.
Превод од германски јазик: Ива Фиданчева
Книгата е издадена со поддршка на програмата за култура на Европската Унија
200.00 ден
Детали за Книгата
Страници | 216 |
---|---|
Дизајн на насловна | Бранко Прља |
Издавачка куќа | Готен |
Јазик | македонски |
ISBN | 978-608-4625-91-9 |
Издадена | 2017 |
Едиција | Контемпоранеа |
Критики
Нема критики сеуште.