Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Клада
„Клада“ е третиот роман на унгарскиот писател од поновата генерација Ѓерѓ Драгоман. Романот претставува возбудлива комбинација од роман за растењето и созревањето, историски роман и книга напишана во традицијата на магичниот реализам. Станува збор за напната приказна поставена врз фонот на револуционерните случувања при падот на комунизмот во источна Европа. Главниот лик е Ема, девојче спасено од дом за сираци од нејзината необична баба, која никогаш претходно не ја сретнала. Раскажан од перспектива на девојчето кое постепено станува девојка, „Клада“ изобилува со сцени кои како да се извадени од сон, се спротивставени на сцените од грубата реалност на едно гратче од источна Европа.
Преводот од унгарски јазик го направи Златко Панзов.
250.00 ден
Детали за Книгата
Страни | 417 |
---|---|
Дизајн на насловна | Бранко Прља |
Издавачка куќа | Готен |
Јазик | македонски |
ISBN | 978-608-4625-84-1 |
Издадена | 2017 |
Едиција | Контемпоранеа |
Критики
Нема критики сеуште.