Јаков лажгото

Романот „Јаков лажгото“ раскажува приказна од гетото во текот на војната. Ова не е приказна за отпорот, туку за едно херојство од сосема поинаков вид; ова е меланхолично-ведра, тивка, вешто искомпонирана приказна, која не би била замислива без фантазија и човечност. Главниот лик Јаков е „лажго од милосрдност“.

Црвената армија е на оддалеченост од само неколку стотици километри, ова Јаков Хајм го дознава случајно. И им го раскажува на другите, кои се затворени со него во гетото во еден град во Полска и речиси изгубиле секаква надеж. Но за да му веруваат другите, Јаков оди дотаму што тврди дека поседува радио. Сега сите доаѓаат кај него за да прашаат за новости, да се охрабрат да издржат во еден свет во кој Германците работат на уништување на Евреите. Така главниот лик станува Јаков лажгото, за да им даде повторно надеж на луѓето и сила да се борат.

60.00 ден

За Авторот

Јурек Бекер

Иако ова е прв роман на германскиот писател Јурек Бекер, денес се смета за едно од најзначајните дела на германската книжевност на 20-тиот век и за еден од најуспешни обиди во книжевноста да се опише ужасот на истребувањето на Евреите за време на Втората светска војна. Бекер самиот израснал во гетото во Лоџ и во концентрационите логори Равенсбрик и Заксенхаузен.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Јаков лажгото”