Деа Видовиќ, директорка на фондацијата „Култура нова“ од Хрватска, беше задолжена за водење на програмата на петтиот и последен ден на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите.
Главните теми на нејзиното предавање се однесуваа на создавањето услови за дијалог при креирањето на политиките и создавањето културни политики со учество на колку што е можно повеќе учесници во процесот. Во вториот дел од својата сесија, Видовиќ ја организираше работилницата „Како да се завршуваат работите“, инспирирана од концептот „сè е можно“.
Преводите се суштинскиот мост при зголемувањето на видливоста на делата од „малите“ јазици – четврти ден Академија за литературен менаџмент и промоција на преводите
Програмата беше затворена со претставувањето на фестивалот Струшки вечери на поезија. Фестивалот го претстави директорот Тодорче Тасевски. Во своето излагање, Тасевски ги претстави клучните аспекти на фестивалот, кој е најстариот меѓународен поетски фестивал, основан во 1962 година, и претставува главен културен настан во градот Струга.
Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
#CreativeEurope4Books
#BalkanTralnslationsCollider