Издавачката куќа Готен ја објави збирката раскази „Утеха за Адамовото дрво“ од современата летонска писателка Инга Жолуде.
Книгата опфаќа различни сцени од урбаниот и руралниот живот на современата Латвија. Специфичен аспект на прозата на Жолуде е способноста да се уништи секоја граница меѓу реалноста и фикцијата, познатото и непознатото, локалното и глобалното. Понекогаш е тешко да се претпостави на кое место и во кое време се случуваат овие раскази, а понекогаш убавината на текстот се состои токму во специфичната локална боја и колорит. Овие раскази силно ја одразуваат атмосферата на Европа од почетокот на XXI век, па затоа за многу критичари книгата е една од најважните прозни дела објавени во Латвија во изминатите неколку години.
За „Утеха за Адамовото дрво“ Жолуде во 2011 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија.
Преводот на книгата од англиски на македонски јазик е на Василка Пемова.
Објавувањето на збирката раскази „Утеха за Адамовото дрво“ се реализира во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од книжевности што припаѓаат на балтичкиот регион.
Објавувањето на книгата е поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.