Новости

Турско огледало

Романот „Турско огледало“ од една страна го овоплотува традиционалниот, дидактички жанр на аристократските биографии (огледала), но во исто време внесува и голема свежина во жанрот, настаните се раскажани видени од другата страна, онаа што во традиционалните биографии не е присутна, тоа е турската страна. Со тоа романот добива голема необичност. Во тоа огледало, последниот бастион на цивилизираниот свет завршува на утоката на Дунав и Сава, во отомански Белград, а отаде реките почнува империјата на безверните Унгарци. Тие се прикажани како нечесни луѓе кои се обидуваат да успеат во животот преку корупција, лаги и насилство. Дејството се случува во Печуј, последното...

Продолжи со читање →

Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга

Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга   Добитници на наградата на ЕУ за литература Виктор Хорват и Пјер Џ. Мејлак, ќе имаат промоции на Саемот на книга. Нивните наградени дела, Турско огледало на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и Ноќта те разубеди на Пјер Џ. Мејлак,  во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот. Освен промоциите, писателите ќе имаат неколку средби со читатели, со студенти, со друштва на пријателство. Централниот настан ќе се одржи во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 19...

Продолжи со читање →

Книжевна вечер со Лара Миховиловиќ, од Словенија, гостинка на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје во текот на ноември престојуваше поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ, од Словенија.

Продолжи со читање →

Господар на Скопје и други песни, книжевна вечер со Ахмед Буриќ, од Босна и Херцеговина, гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје престојува познатиот босанскохерцеговски колумнист, книжевник и преведувач Ахмед Буриќ.

Продолжи со читање →

Имануел Мифсуд од Малта, гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга

Еден од најреномираните современи автори од Малта, Имануел Мифсуд, добитник на Европската награда за литература, е гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга. Токму награденото дело на Мифсуд „Во името на таткото (и на синот“, тукушто излезе од печат во едицијата „Контемпоранеа“ на Готен и ќе биде промовирано, во четврток во 17 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книга. Книгата ја преведе Владимир Јанковски. Во чест на авторот, во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 20 часот ќе се одржи дискусија на тема „Писателот и општествените трауми“, инспирирана и од тековните настани во земјата и...

Продолжи со читање →

Call forapplications: Literary Residency “Absolute Modern”, Skopje 2015

Goten Publishing House in cooperation with the TRADUKI network invite writers and translators from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Albania, Kosovo, Bosna and Herzegovina, Montenegro, Bulgaria and Romania) to apply for writers-in-residence program «Absolute Modern», in Skopje, Macedonia.

Продолжи со читање →

Ротару, Кисјов, Аполони, Дрндиќ, Поланц, Чатер и Панчиќ на Апсолутно Модерен 2014

Седум автори ќе престојуваат во Скопје во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа.

Продолжи со читање →

Две авторски вечери со Теофил Панчиќ во Скопје и Битола

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки во март во Скопје престојуваше Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник Време и коментатор на радиото Слободна Европа, како и на редица други медиуми во регионот.

Продолжи со читање →