Новости

Настан „Чуварите и рушителите на Ајфеловата кула“

Промоција на книгата „Падот на Ајфеловата кула“ од Јетон Незирај, издание на Готен, во превод на Мирјана Илиева Јашари. Во рамките на фестивалот ПОП УП Акто Тетово, Центар за балканска соработка „ЛОЈА“, Сабота, 03 Декември, Тетово. Еден од најхаризматичните, најкреативните и најенергичните претставници на оваа генерација е драматургот Јетон Незирај (1977), автор на над 15 драми. Тематиката на неговите драми, кои во жанровско подрачје се движат помеѓу драми и трагикомедии, е доста обемна опфаќајќи ја војната, опстанокот на луѓето во годините по војната, помирувањето, гревот, љубовта, религијата, модерниот тероризам и др.Не случајно, Јетон Незирај, автор на исклучителен уметнички сензибилитет за...

Продолжи со читање →

Подлабока Европа, поширок опсег – превод на осум книги од помалите книжевни сцени и проект за развој на читатели

Проектот „Подлабока Европа, поширок опсег“ им претставува на читателите од Македонија четири најпрестижни европски автори. Тројца од авторите, Тијт Алексеев, Имануел Мифсуд и Виктор Хорват ја имаат добиено наградата на ЕУ за литература. Терезија Мора ги има добиено сите главни германски награди, и покрај тоа што е од унгарско потекло: наградата на Лајпцишкиот саем на книгата, Германската награда, наградата Ингеборг Бахман, Шамисо и тн. Проектот беше дизајниран да ја зголеми циркулацијата на европската литература, избегнувајќи ги конвенционалните и добро познати европски места и сцени и да донесе автори од „подлабокиот и поширок“ европски простор.  За да се зголеми максимално ефектот...

Продолжи со читање →

Промоција на романот „Домашна змија“ од албанскиот писател Аријан Лека

Во рамки на програмата на КРИК – Фестивал за критичка култура, утре (25 ноември), во 19 часот во Даут пашин амам  ќе се одржи промоција на романот „Домашна змија“, од албанскиот писател Аријан Лека, во издание на Готен. Авторот ќе присуствува на промоцијата, а промотор е академик Луан Старова. Аријан Лека е роден во Драч во 1966 година, овде завршува основно и средно музичко образование, специјалност флејта. На Филолошкиот факултет во Тирана завршува албански јазик и книжевност во 1992 година. Потоа минува две години на специјалистички студии од областа на модерната италијанска книжевност. Станува одличен препејувач на албански јазик на...

Продолжи со читање →

Bojan Babic book presentation Illegal Parnassuss and discussion What does it mean to be a Foreigner with Nikola Gelevski and Robert Alagjozovski

Within  the Human rights Film Festival | Kinoteka na Makedonija-Skopje | 18-20 November 2016 | As prelude 18 November (Friday) 8pm Austerlitz by Sergei Loznitsa (74min.) The new film from Sergei Loznitsa Austerlitz, is a stark yet rich and complex portrait of tourists visiting the grounds of former Nazi extermination camps, and a sometimes sardonic study of the relationship (or the clash) between contemporary culture and the sanctity of the site. What happens when the memorial and the museological meet — when places of death and destruction are transformed into tourist destinations? Sergei Loznitsa's new film Austerlitz (which takes its...

Продолжи со читање →

Бојан Бабиќ промоција на книгата „Илегален Парнас“ и разговор- „Што значи да се биде странец?“  со Никола Гелевски и Роберт Алаѓозовски

  Во рамките на Филмски фестивал за човекови права Кинотека на Македонија Селектор на филмската програма: Петар Милат 18 ноември (петок) Како прелудиум 20:00 АУСТЕРЛИЦ (Austerlitz) Документарен, Германија Режија: Сергеј Лозница Сценарио: Сергеј Лозница 2016 г., 74 мин., црно-бел, ДСП Новиот филм на Сергеј Лозница  Аустерлиц е остар, но богат и комплексен портрет на група туристи, кои се во посета на поранешен нацистички концентрационен логор, а на моменти претставува иронична студија на врската (или судирот) помеѓу современата култура и светоста на местото. Клучното прашање кое е провокација за авторот е што се случува кога ќе се сретнат меморијалното и музеолошкото -...

Продолжи со читање →

Хрватскиот писател Горан Ферчец на резиденција во Скопје

Хрватскиот писател Горан Ферчец е петтиот од шестте автори кои престојуваат во Скопје во 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Од први октомври во Скопје престојува хрватскиот писател Горан Ферчец  (1978 г.), четвртиот од шестте автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае со еден од најдобрите млади хрватски прозаисти и граѓански активист, чиј роман Овде нема да има чуда беше издаден и кај нас, од Издавачката куќа Икона, во превод...

Продолжи со читање →