Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) ги поканува литературните преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија да конкурираат за резиденцијален престој во Скопје. Ова е втора година од реализацијата на преведувачките резиденции, кои во Скопје можат да се реализираат во периодот од април 2022 до април 2023 година. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори...
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РЕЗИДЕНЦИИ ЗА ЛИТЕРАТУРНИ ПРЕВЕДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ
