Настани

Новата визии и старите планови за Скопје?

skopjekoricamkcsc

Настанот се одржа во просториите на Музејот на град Скопје како симболичко место кое се вклопува со тематиката и тезите на авторите на монографската студија.

Промоцијата беше проследена со видео презентација, специјално подготвена од авторите, како и со изложба на атрактивни илустрации и графики од самата книга, чие македонско и албанско издание ги објави издавачката куќа Готен од Скопје, во рамките на едицијата Лантерна.

Македонската промоција следуваше по објавувањето на македонското издание на книгата, подржано од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, во рамките на програмата за граѓанско општество, како и од албанското издание, кое финансиски го подржа Сојузното министерство за култура и образование на Австрија.

Англиското издание на книгата беше објавено во март 2011, од страна на издавачката куќа Визер Верлаг од Клагенфурт/Целовец, Австрија, која е одговорна и за глобалната и интернет дистрибуција на книгата.

pokana

Оваа несекојдневна студија за архитектурата на главниот град, видена и одвнатре и однадвор, од Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек, македонско-австриската двојка млади архитекти која живее и работи во Виена, беше промовирана и на саемот на книгата во Лајпциг во 2011.

Промотивната дебата, инспирирана од тезите на авторите, а со цел да се развие широка дискусија во јавноста беше посветена на:

˝Новата визии и старите планови за Скопје?˝

АКЦЕНТИ ОД ДИСКУСИЈАТА

АКЦЕНТИ ОД КНИГАТА


ОДГЛАСИ ВО МЕДИУМИТЕ
Порта 3
Нова Македонија
Нова Македонија
Вест
Утрински весник
Окно



Остави Коментар