Новости

Настан „Чуварите и рушителите на Ајфеловата кула“

Промоција на книгата „Падот на Ајфеловата кула“ од Јетон Незирај, издание на Готен, во превод на Мирјана Илиева Јашари.

Во рамките на фестивалот ПОП УП Акто Тетово, Центар за балканска соработка „ЛОЈА“, Сабота, 03 Декември, Тетово.

Еден од најхаризматичните, најкреативните и најенергичните претставници на оваа генерација е драматургот Јетон Незирај (1977), автор на над 15 драми. Тематиката на неговите драми, кои во жанровско подрачје се движат помеѓу драми и трагикомедии, е доста обемна опфаќајќи ја војната, опстанокот на луѓето во годините по војната, помирувањето, гревот, љубовта, религијата, модерниот тероризам и др.Не случајно, Јетон Незирај, автор на исклучителен уметнички сензибилитет за создавање контрапунктови, во неговото уметничко творештво, главно, е определен  за драмскиот модел ‘мозаик’, во кој, не ретко, минатото и сегашноста се појавуваат, се замаглуваат, исчезнуваат и повторно се појавуваат, се судираат, се одбиваат, се мешаат, се прегрнуваат или се соединуваат еден со друг како во некоја приказна. Но оваа ‘приказна’ дури и тогаш кога за градиво има мотиви, скици или бои од народните преданија и легенди, благодарение на креативната елеганција и умешност на Незирај, преку контрапунктовите – временските и просторните поместувања се интонираат и се оркестрираат со еден урбан поетски музикалитет.

Трагикомедијата Падот на Ајфеловата кула, третира еден од најважните проблеми на модерниот свет – тероризмот, кој се појавува како последица од религиозните и од глобалните конфликти. Во својата драма, Незирај ги конфронтира културните поделби, заблудите, религиозниот фанатизам, насилството и прашањата за демократијата и за човековите права во Европа. Пред сè, драмата ги нагласува заблудите, стереотипите и предрасудите, создадени како последица на конфликтот во врска со носењето фереџе на јавни места во Париз.



Остави Коментар