Новости

Македонија со национален штанд и богата програма на Меѓународниот Саем на книгата во Лајпциг, Германија

Во рамките на повеќегодишната соработка со мрежата Традуки, на Саемот на книгата во Лајпциг што се одржа од 15 до 18 март 2012 година, издавачката куќа Готен организира национален штанд на Република Македонија. Со тоа претставувањето на Македонија на Саемот на книгата се издигна на највисоко ниво. На штандот беа изложени дела од современи македонски писатели, речиси сите коишто имале свој превод на дела на германски јазик, неколку монографии за Македонија на германски, како и дела од македонски писатели преведени на англиски јазик, во рамките на едицијата 130 тома македонска книжевност. Повеќето земји од Југоисточна Европа имаат свои национални штандови на Саемот. Постоењето на штанд ја зголемува видливоста на националната литература и овозможува поголема промоција и паралелна програма во рамките на штандот. Култниот музичар Зоран Маџиров настапи со мал сет на импровизации на шишиња на македонскиот штанд. На штандот посетителите имаа можност да пробаат и македонски вина од сортата вранец. Покровител на штандот е македонското министерство за култура.

nastan7

На штандот, како и во рамките на заедничката програма со мрежата Традуки, беа промовирани четворица македонски писатели: Венко Андоновски, Александар Прокопиев, Јагода Михајловска-Георгиева и Лидија Димковска, лауреати на престижни домашни и меѓународни награди. Лидија Димковска ја промовираше својата книга на германски јазик, „Пристојна девојка“, објавена во престижната издавачка куќа од Виена, Едиција Кореспонденс. На германската јавност овие четворица автори и беа претставени со каталог од извадоци, од нивните дела, преведени на германски јазик, што специјално за годинешното издание на саемот го подготви издавачката куќа Готен. Каталогот им беше раздаден на претставници на издавачките куќи присутни на саемот, на авторски агенции, книжевни агенти и други застапници кои посредуваат во објавувањето на авторските дела на меѓународниот пазар на книги.

item7a

Македонските автори настапија на неколку книжевни разговори, читања и претставувања во рамките на програмата Литература од Југоисточна Европа, традиционално организирана од Традуки.

Зоран Маџиров со феноменално шоу на Балканска ноќ

Tурнир во фудбалчиња на маса

Лидија Димковска меѓу петте најдобри од Источна Европа


ОДГЛАСИ ВО МЕДИУМИТЕ
Плусинфо
Утрински весник
Нова Македонија
Нова Македонија
DW
Вечер
Дневник

 



Остави Коментар