„Здивот врз мермерот“ е првиот роман на литванската писателка Лаура Синтија Черниаускаите, за кој во 2009 година ја доби Наградата на Европската Унија за литература. Станува збор за умешно раскажана драма за болната осаменост, семејството и релациите меѓу жените и мажите. Черниаускаите пишува за копнежот, за недоживеаната интимност, за мекоста и тежините на срцето.
Во интервјуто насловено „Удобноста не ме интересира“,Черниаутскаите зборува за „Здивот на мермерот“, но и за нејзините поетички преокупации. Интервјуто можете да го прочитате на следниот линк:
https://deepbaltic.com/2016/12/01/comfortable-doesnt-interest-me-laura-sintija-cerniauskaite/