Новости

Једрт Лапух Малезич престојува на книжевна резиденција во Скопје

Ве известуваме дека словенечката писателка Једрт Лапух Малезич во мај престојува на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во рамки на престојот, авторката ќе работи на својата нова книга, ќе има можност да се запознае со книжевната цена во земјата, а ќе настапи и на книжевниот фестивал „Про-за Балкан“.

Једрт Лапух Малезич (1979) е словенечка писателка и преведувачка. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, на Катедрата за преведување и толкување. Преведува од англиски и француски јазик. Меѓу другите, во нејзиното преведувачко портфолио влегуваат преводи на дела од Нелсон Мандела, Мирча Елијаде и Ив Енслер.

Пишува поезија и проза. На македонски јазик е преведена нејзината збирка раскази „Воени бои“. Автор на преводот е Иванка Апостолова Баскар, а книгата е во издание на издавачката куќа „Бегемот“.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.



Остави Коментар