„Чистка“ е возбудлива и напнатата приказна за две жени следени од своето минато и мрачната, неискажана историја што ги поврзува. Кога Алијда Труу, постара жена што живее сама во едно естонско село, ќе ја пронајде разбушавената и неуредна девојка легната во нејзиниот двор, таа ги потиснува своите сомнежи и ѝ понудува засолниште. Зара е пребегната млада жртва на сексуална трговија, но фотографијата што ја носи со себе наскоро покажува дека пристигнувањето во домот на Алијда не е случајност.
Набрзо нивната драма добива силен интензитет, при што од под површината излегуваат голем број напластени приказни за ривалството, страст и загубата одиграни врз фонот на еден од најлошите периоди во историјата на Естонија.
Софи Оксанен (1977) е една од најзначајните писателки од Финска, авторка чии книги се преведени на бројни јазици. Романот „Чистка“ е преведен на четириесетина јазици, а е добитник и на неколку значајни награди за литература. Во 2012 година финскиот режисер Анти Јокинен според овој роман го сними својот филм, кој беше фински кандидат за наградата Оскар.
Преводот на книгата од чешки јазик е на Диме Митрески.
Објавувањето на романот „Чистка“ се реализира во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од книжевности што припаѓаат на балтичкиот регион, еден од најмалку познатите региони од Европската Унија на Балканот.
Објавувањето на книгата е поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.