Настани

Работилница на тема Communicating South-East European Literature, 2 дел

dsc05919800x533

Во организација на проектот Традуки (www.traduki.eu) се одржа сплитската работилница како продолжение на иницијативата наФондацијата Роберт Бош. Цел на работилницата беше да се консолидира регионалната мрежа на соработници кои работат на развој на културни стратегии за да се популаризира литературата на Југоисточна Европа на други јазици.

На работилницата, своите активности и проекти ги претставија следниве фондации: Robert Bosch Stiftung, ProHelvetia and S. Fischer Stiftung – TRADUKI . Претставничката на Robert Bosch Stiftung, Maja Pfluger претстави дел од проекти кои се подржуваат од фондацијата, а тоа се:

  • преводи од германски јазик на други јазици
  • програмата за претставување на националните книжевности односно држави на меѓународниот саем за книга во Лајпциг, концепирани со регионалото претставување на државите и нивните книжевности.

Претставничката на S. Fischer Stiftung – TRADUKI, Antje Coutius ги објасни на кратко целта за заедничко претставување на литературите на саемот на Лајпциг. Она што TRADUKI го нуди е саемски простор (штанд) за заедничкото претставување на националните книжевности: Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Романија и други земји. Исто така го покрива медиумското претставување и презентација на авторите и кани германски критичари да ги презентираат авторите во своите списанија.

dsc05912800x533

На саемот во Лајпциг 2010 година, TRADUKI ќе организира конференција на која ќе бидат поканети и би присуствувале најголемите германски издавачки куќи, кои би оствариле средба и контакти со авторите кои би биле присутни и би се претставиле со свои авторски дела.

За саемот во Лајпциг 2010 година, TRADUKI ќе подготви заеднички католог за сите држави и автори кои би се претставиле на заедничкиот штанд на TRADUKI, кој би бил подготвен на гермаnски јазик.

За 2011 година се презентираше идејата за заедничко претставување на авторите и државите со еден проект од сите земји учеснички.



Остави Коментар