Uncategorized

Анализа на Сашо Огненовски за студијата „Сите драјвери вклучени””

Анализа на Сашо Огненовски за студијата „Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализа и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“ објавена на порталот Култура.мк. Студијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, под водство на фондацијата „Некст пејџ“ од Софија. Проектот се реализира во соработка со партнери од регионот на Западен Балкан: „Поетека“ (Албанија), „Готен“ (Северна Македонија) „Аргх!“ (Србија), „Сандорф“ (Хрватска), Секретаријатот за култура и спорт – Подгорица (Црна Гора)

Продолжи со читање →

Писателката Билјана С. Црвенковска на студиски и работен престој во Словенија

Писателката и главната уредничка на издавачката куќа „Чудна шума“ од Скопје, Билјана С. Црвенковска, е на еднонеделен студиски и работен престој во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ од Љубљана, Словенија. Нејзиниот престој се реализира во рамки на меѓународниот проект Balkan Translations Collider, во кој професионалци од областа на литературата и издаваштвото имаат можност да престојуваат во различни издавачки куќи и други организации од областа на литературата кои не се од нивните земји, со цел да стекнат различно меѓународно искуство. Посетата на Црвенковска во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ опфаќа размена на искуства, вмрежување и можност за идна соработка. Црвенковска учествува активно во работата на „Виге Ваге књиге“, издавач кој има сличен развоен пат како издавачката куќа „Чудна шума“ – мал, независен издавач кој активно издава стрипови и графички романи, а од неодамна...

Продолжи со читање →

Преведувачката Екатерина Петрова на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта:...

Продолжи со читање →

Состанок на Работната група за изработка на Новата стратегија за развој на културата 2023-2027

На денешниот состанок на Работната група за изработка на Новата стратегија за развој на културата 2023-2027 на членовите на Работната група, претставници од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, претставници на институции од културата и експерти беше поделена и презентирана студијата „Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализа и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“. Меѓу другите, на состанокот беа присутни Катерина Пејкова, државен советник во Министерството за култура,Виолета Качакова, независна консултантка, подготвувач на Стратегијата за култура на Град Скоје и Националната стратегија за млади, Маја Вељковиќ, директор на Драмски театар, Дита Старова Ќерими, директорка на Националнатагалерија на Република Северна Македонија, Билјана Тануровска Ќулавковска, доктор на науки по менаџмент во културата, Филип Јовановски, независен продуцент, Јане Вртески, независен...

Продолжи со читање →

(Видео) Романот од Луц Зајлер според кој е снимен и филм „Крусо“

Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. Повеќе за книгата погледнете во видеото подолу. https://youtu.be/rVmof9uPwHs

Продолжи со читање →

Call for applications: Literary Residency “Absolute Modern”, Skopje 2017

Goten Publishing House in cooperation with the TRADUKI network invite writers and translators from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Albania, Kosovo, Bosna and Herzegovina, Montenegro, Bulgaria and Romania) to apply for writers-in-residence program «Absolute Modern», in Skopje, Macedonia. Three residential scholarships, each in the duration of 4 weeks, are available in the spring semester of the year 2017: -     01.04.2017 -     01.05.2017 -     01.06.2017 and in the autumn 2017: -     01.09.2017 -     01.10.2017 -     01.11.2017 Applicants eligible for this fellowship are fiction writers, poets, essayists, columnists, translators and playwrights. We are interested in writers...

Продолжи со читање →

Промоција на романот „Домашна змија“ од албанскиот писател Аријан Лека

Во рамки на програмата на КРИК – Фестивал за критичка култура, утре (25 ноември), во 19 часот во Даут пашин амам  ќе се одржи промоција на романот „Домашна змија“, од албанскиот писател Аријан Лека, во издание на Готен. Авторот ќе присуствува на промоцијата, а промотор е академик Луан Старова. Аријан Лека е роден во Драч во 1966 година, овде завршува основно и средно музичко образование, специјалност флејта. На Филолошкиот факултет во Тирана завршува албански јазик и книжевност во 1992 година. Потоа минува две години на специјалистички студии од областа на модерната италијанска книжевност. Станува одличен препејувач на албански јазик на...

Продолжи со читање →

Bojan Babic book presentation Illegal Parnassuss and discussion What does it mean to be a Foreigner with Nikola Gelevski and Robert Alagjozovski

Within  the Human rights Film Festival | Kinoteka na Makedonija-Skopje | 18-20 November 2016 | As prelude 18 November (Friday) 8pm Austerlitz by Sergei Loznitsa (74min.) The new film from Sergei Loznitsa Austerlitz, is a stark yet rich and complex portrait of tourists visiting the grounds of former Nazi extermination camps, and a sometimes sardonic study of the relationship (or the clash) between contemporary culture and the sanctity of the site. What happens when the memorial and the museological meet — when places of death and destruction are transformed into tourist destinations? Sergei Loznitsa's new film Austerlitz (which takes its...

Продолжи со читање →