Новости

„Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер објавен на македонски јазик

Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. За овој роман, Зајлер ја доби Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“. 1989 година. Се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед бегајќи од големата лична трагедија заминува на балтичкиот остров Хидензе. Обвиен под превезот на митовите, островот е позната дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. На островот, Ед завршува во „Еремитот“, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови. Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот...

Продолжи со читање →

(Видео) Романот од Луц Зајлер според кој е снимен и филм „Крусо“

Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. Повеќе за книгата погледнете во видеото подолу. https://youtu.be/rVmof9uPwHs

Продолжи со читање →

Бројна публика на промоцијата на култниот роман „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс

„Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс е култен роман за историјата на летонскиот метал од средината на 90-тите години. За овој роман, македонскиот писател Бранко Прља вели: „Но, ова не е само книга за металци или за тие кои се заинтересирани за историјата на музиката туку и за секој што се интересира за една автентична, едноставна, непретенциозна и духовита приказна сместена во една постсоцијалистичка земја. За нејзината универзална вредност зборува и тоа дека по објавувањето книгата станала национален бестселер, ги добила наградите за дебитант на годината во Летонија и Европската награда за литература за 2014 година. Јанис Јоневс е вистински раскажувач!...

Продолжи со читање →