Новости

За романот „Лаги од вчера и денес“ од Урсула Фрикер

Германска метропола во пролетта 2013 година: поглед врз тројца луѓе кои во едно несигурно време се борат за своите идеали. Беба, која бега од сиромаштијата во нејзината татковина, сонува за кариера како пијанистка и работи како проститутка. Иза е студентка која веќе не сака да го живее својот безгрижен живот. Сака да направи нешто што ќе му даде смисла на тој живот – и среќава група левичарско автономни активисти, кои бранат еден илегален бегалски камп. Ниту сенаторот за внатрешни работи, Отен, не останува недопрен од актуелните случувања; сè почесто се присетува на сопствената бунтовничка младост – но веќе нема разбирање...

Продолжи со читање →

Извадок од „Англискиот сосед“ на Михаил Вешим

Кметот на Плодородно беше во шеесеттите, но не беше уморен. Ситен по раст, стегнат, пргав, секој ден се будеше со нова раководителска идеја. Ова утро имаше не една, туку неколку идеи. Пристигна во канцеларијата, седна зад бирото и нареди да го повикаат службеникот, за да му даде задачи. Но, дојде десет часот, а службеникот не се јави на работното место. А кога службеникот не се јавува на работното место, кметот тргнува по селото да го пронајде. Веднаш го најде потпрен на оградата како разговара со блед странец, долгнавест како стап. – Нотингам, Бугарину! – извика Кметот кон службеникот. – Што...

Продолжи со читање →

Open Call: Reading Balkans 2020- The Literary Residence Programe

The Residency is pre arranged by Reading Balkans project in cooperation with the Publishing House Goga (Slo), Goten Publishing (MK), Krokodil (Srb), Udruga Kurs (Cro), Poeteka (Alb), Qendra Multimedia (Kos), PEN BIH and S. Fischer Stiftung (De) & partners. Reading Balkans project is supported by the EU Creative Europe program. The Literary Residence Programme ‘Reading Balkans 2020’ is open to welcome fiction writers, poets, essayists, playwrights, screenplay writers and comic book writers from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Kosovo, Bosnia & Herzegovina, North Macedonia, Albania, Romania, Montenegro, Bulgaria). We are in particular paying attention to writers who are innovative, who...

Продолжи со читање →

Једрт Лапух Малезич престојува на книжевна резиденција во Скопје

Ве известуваме дека словенечката писателка Једрт Лапух Малезич во мај престојува на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во рамки на престојот, авторката ќе работи на својата нова книга, ќе има можност да се запознае со книжевната цена во земјата, а ќе настапи и на книжевниот фестивал „Про-за Балкан“. Једрт Лапух Малезич (1979) е словенечка писателка и преведувачка. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, на Катедрата за преведување и толкување. Преведува од англиски...

Продолжи со читање →

Романот „3 минути и 53 секунди“ на Бранко Прља ќе биде објавен во САД

Македонскиот писател Бранко Прља потпиша договор со американската издавачка куќа „Далки аркајв прес“ за издавање на неговиот роман на англиски јазик „3 минути и 53 секунди“ (објавен под псевдонимот Берт Стајн). Станува збор за една од најреномираните издавачки куќи во САД кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на американскиот пазар. Романот „3 минути и 53 секунди“ во 2015 година беше финалист за наградата Роман на годината на „Утрински весник“. Бранко Прља активно издава од 2003 година и е автор на повеќе од 15 дела, помеѓу кои повеќе збирки проза и 5 романи. Основач е на креативниот колектив „Капка“, првиот...

Продолжи со читање →

Рецензија во „Гардијан“ за „Чистка“ на Софи Оксанен

Софи Оксанен дефинитивно е една од моментално најголемите млади ѕвезди не само на финската туку и на европската литература. Моментално на македонски јазик е достапен само нејзиниот роман „Чистка“, книгата која на најдобар начин го доловува нејзиниот пристап кон големите историски теми. На следниот линк можете да ја прочитате рецензијата на „Гардијан“ за „Чистка“: https://www.theguardian.com/books/2010/aug/21/purge-sofi-oksanen

Продолжи со читање →