Првата сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите почнува на 13 мај во Струга. Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider и нејзината цел е да ги истражува начините за надминување на нерамномерноста на размената на книжевните преводи во Европа. Програмата на академијата се состои од презентации, панел-дискусии и интерактивни работилници предводени од професионални кои имаат искуство во издаваштвото и културната политика. Академијата ќе создаде заедница на професионалци од областа на литературниот менаџмент од Балканот и другите делови од Европа, чија цел е да имаат активна улога во меѓународната литературна комуникација. За сите поврзани настани, следете...
Почнува првата сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите
