Новости

Бугарскиот писател Антон Баев престојува во Скопје во рамките на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“

baev

Бугарскиот писател Антон Баев, прв од новите шест автори кои ќе престојуваат во Скопје во 2017 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“. Од 01 до 31 Мај во Скопје ќе престојува бугарскиот писател Антон Баев (1963г.) прв од новите шест автори за 2017 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае со еден од најдобрите бугарски автори од средната генерација. Антон Баев е роден во Пловдив во 1963 година. Во 1989 година станува ...

Продолжи со читање →

Call for applications: Literary Residency “Absolute Modern”, Skopje 2017

traduki_skopje_02_Page_1

Goten Publishing House in cooperation with the TRADUKI network invite writers and translators from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Albania, Kosovo, Bosna and Herzegovina, Montenegro, Bulgaria and Romania) to apply for writers-in-residence program «Absolute Modern», in Skopje, Macedonia. Three residential scholarships, each in the duration of 4 weeks, are available in the spring semester of the year 2017: -     01.04.2017 -     01.05.2017 -     01.06.2017 and in the autumn 2017: -     01.09.2017 -     01.10.2017 -     01.11.2017 Applicants eligible for this fellowship are fiction writers, poets, essayists, columnists, translators and playwrights. We are interested in writers...

Продолжи со читање →

Подлабока Европа, поширок опсег – превод на осум книги од помалите книжевни сцени и проект за развој на читатели

creativna evropa

Проектот „Подлабока Европа, поширок опсег“ им претставува на читателите од Македонија четири најпрестижни европски автори. Тројца од авторите, Тијт Алексеев, Имануел Мифсуд и Виктор Хорват ја имаат добиено наградата на ЕУ за литература. Терезија Мора ги има добиено сите главни германски награди, и покрај тоа што е од унгарско потекло: наградата на Лајпцишкиот саем на книгата, Германската награда, наградата Ингеборг Бахман, Шамисо и тн. Проектот беше дизајниран да ја зголеми циркулацијата на европската литература, избегнувајќи ги конвенционалните и добро познати европски места и сцени и да донесе автори од „подлабокиот и поширок“ европски простор.  За да се зголеми максимално ефектот...

Продолжи со читање →

Естонскиот писател Тијт Алексеев во Македонија

tijt alekseev

Еден од најреномираните современи автори од Естонија, Тијт Алексеев, добитник на Европската награда за литература, е гостин на Издавачката куќа Готен по повод објавувањето на романот Поклонение, во едицијата „Алказар“. Во рамките на гостувањето, ќе се одржат два промотивни разговори во Скопје и во Струга, на кои на публиката ќе ѝ биде претставен овој несекојдневен автор на далечната естонска литература. Во рамките на својот престој во Скопје, Тијт Алексеев, кој е претседател на Друштвото на писатели на Естонија ќе оствари средба со здружението на Независни писатели на Македонија, разменувајќи идеи за соработка меѓу двете литератури. Гостувањето и преводот на книгата...

Продолжи со читање →

Господар на Скопје и други песни, книжевна вечер со Ахмед Буриќ, од Босна и Херцеговина, гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

gos

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје престојува познатиот босанскохерцеговски колумнист, книжевник и преведувач Ахмед Буриќ.

Продолжи со читање →

Промоција на романот Завивањето на волкот од Аг Аполони

24. Ag Apoloni - Zavivanjeto na volkot

Ни претставува чест да ве поканиме на Промоција на романот Завивањето на волкот од еден од најдобрите косовски прозаисти, Аг Аполони.

Промоцијата ќе се одржи во Културно-информативниот центар Скопје, во салонот, 19.19. во понеделник, 15 февруари, во 19ч. Настанот се одвива под покровителство на Амбасадата на Република Косово во Скопје и е дел од програмата на чествување на независноста на РК. Романот Завивањето на волкот е објавен со подршка на Министерството за култура на РМ во превод на Мирјана Илиева Јашари, во рамките на едицијата за современа проза Контемпоранеа на издавачката куќа Готен.

Продолжи со читање →