Циклусот на книжевни резиденции за 2024 во Скопје во организација на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, заврши со престојот на српската писателка Маријана Чанак во текот на месец септември. Маријана Чанак (1982, Суботица, Југославија) е прозна авторка со пет книги зад себе: Свето тројство (роман, 2024), Пат од црвени цигли (раскази, 2023), Клара, Клариса (роман, 2022), Прамајки (раскази, 2019 проширено издание 2023), Улични продавачи на улици, (кратка проза, 2002). Дипломирала на Универзитетот во Нови Сад, Филозофски факултет, Катедра за српска литература и јазик (2007). Запишала Родови студии на Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии...
Со Маријана Чанак заврши циклусот на книжевни резиденции за 2024 во Скопје
