https://www.mixcloud.com/Goten/аудио-запис-од-романот-тврдината-од-тијт-алексеев/
„Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер објавен на македонски јазик
Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. За овој роман, Зајлер ја доби Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“. 1989 година. Се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед бегајќи од големата лична трагедија заминува на балтичкиот остров Хидензе. Обвиен под превезот на митовите, островот е позната дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. На островот, Ед завршува во „Еремитот“, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови. Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот...
(Видео) Романот од Луц Зајлер според кој е снимен и филм „Крусо“
Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. Повеќе за книгата погледнете во видеото подолу. https://youtu.be/rVmof9uPwHs
Аудиозапис од книгата „Крусо“ од Луц Зајлер
Аудио запис од книгата „Крусо“ од Луц Зајлер
Аудиозапис од книгата „Чистка“ од Софи Оксанен
https://www.mixcloud.com/Goten/аудиозапис-од-книгата-чистка-од-софи-оксанен/
Аудиозапис од книгата „Утеха за Адамовото дрво“ од Инга Жолуде
https://www.mixcloud.com/Goten/аудиозапис-на-книгата-утеха-за-адамовото-дрво-од-инга-жолуде/
Бројна публика на промоцијата на култниот роман „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс
„Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс е култен роман за историјата на летонскиот метал од средината на 90-тите години. За овој роман, македонскиот писател Бранко Прља вели: „Но, ова не е само книга за металци или за тие кои се заинтересирани за историјата на музиката туку и за секој што се интересира за една автентична, едноставна, непретенциозна и духовита приказна сместена во една постсоцијалистичка земја. За нејзината универзална вредност зборува и тоа дека по објавувањето книгата станала национален бестселер, ги добила наградите за дебитант на годината во Летонија и Европската награда за литература за 2014 година. Јанис Јоневс е вистински раскажувач!...
Промоција на „Стакларница“ од Даниел Одија во Скопје
Во „Стаклраница“ Одија главно пишува за проблемите на младите луѓе од општествените маргини додека се борат со недостиг на работта и животни перспективи. Со користење специфичен јазик, сленг, необични идиоми, авторот создава галерија ликови кои често се изгубени, исклучени од пософистицираните општествени текови, приудени да се борат за својата основна егзистенција. За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана. Даниел Одија (1974) е еден од најзначајните полски писатели од поновата генерација. Освен раскази, објавил и неколку романи. Сепак, Одија е вистински мајстор за контрапункот и хуморот, па колку и неговиот...
Аудиозапис од книгата „Пчели“ од Мелис Фридентал
Аудио запис од книгата „Пчели“ од Мелис Фридентал
Готен ја објави „Тврдината“ – втор дел од трилогијата за крстоносните војни
Издавачката куќа Готен го објави романот „Тврдината“ на современиот естонски писател Тијт Алексеев. „Тврдината“ е вториот дел од трилогијата за крстоносните војни на естонскиот писател, историчар и дипломат, Тијт Алексеев. Романот претставува драматична и набиена со пресвртни настани приказна за освојувањето на Антиохија од страна на крстоносците. Станува збор за возбудлив роман за важноста на човековите релации, лојалноста, љубовта, за пријателството. Алексеев собирал материјали за романот повеќе од десет години и ги посетил главните места каде што се одвивале борбите. Како резултат на тоа, во романот прецизно е реконструиран средновековниот свет, заедно со неговите вредности и мани. Преводот на книгата...