Ве известуваме дека словенечката писателка Једрт Лапух Малезич во мај престојува на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во рамки на престојот, авторката ќе работи на својата нова книга, ќе има можност да се запознае со книжевната цена во земјата, а ќе настапи и на книжевниот фестивал „Про-за Балкан“. Једрт Лапух Малезич (1979) е словенечка писателка и преведувачка. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, на Катедрата за преведување и толкување. Преведува од англиски...
Романот „3 минути и 53 секунди“ на Бранко Прља ќе биде објавен во САД
Македонскиот писател Бранко Прља потпиша договор со американската издавачка куќа „Далки аркајв прес“ за издавање на неговиот роман на англиски јазик „3 минути и 53 секунди“ (објавен под псевдонимот Берт Стајн). Станува збор за една од најреномираните издавачки куќи во САД кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на американскиот пазар. Романот „3 минути и 53 секунди“ во 2015 година беше финалист за наградата Роман на годината на „Утрински весник“. Бранко Прља активно издава од 2003 година и е автор на повеќе од 15 дела, помеѓу кои повеќе збирки проза и 5 романи. Основач е на креативниот колектив „Капка“, првиот...
(видео) „Кога заврши војната“ од Аарно Сурмински – капитулацијата е потпишана но, милиони луѓе се во егзистенцијална замка
(Видео) Зошто токму романот „Чистка“ на Софи Оксанен се најде на филмското платно
Рецензија во „Гардијан“ за „Чистка“ на Софи Оксанен
Софи Оксанен дефинитивно е една од моментално најголемите млади ѕвезди не само на финската туку и на европската литература. Моментално на македонски јазик е достапен само нејзиниот роман „Чистка“, книгата која на најдобар начин го доловува нејзиниот пристап кон големите историски теми. На следниот линк можете да ја прочитате рецензијата на „Гардијан“ за „Чистка“: https://www.theguardian.com/books/2010/aug/21/purge-sofi-oksanen