Настани

Разговор со Калин Терзијски

Промотивен разговор со писателот Калин Терзијски по повод излегувањето на збирката раскази „Љубовта на триесет и пет годишната жена“.  Разговорот е дел од проектот „Хетеротопии на љубовта“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.  #creativeeurope4books https://youtu.be/idJIlIL6RuE http://www.gotenpublishing.com/video-zapis-za-zbirkata-raskazi-lubovta-na-trieset-i-pet-godishnata-zhena-od-terzijski/

Продолжи со читање →

Разговор со хрватскиот писател Кристијан Новак по повод излегувањето на романот „Циганин, ама најубавиот“

Промотивен разговор со хрватскиот писател Кристијан Новак по повод излегувањето на романот „Циганин, ама најубавиот“.  https://youtu.be/fhtkmZRjSPk Разговорот е дел од проектот „Хетеротопии на љубовта“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.  #creativeeurope4books

Продолжи со читање →

Видео за збирката раскази „Два света“ од Сузана Тратник

Видео за збирката раскази „Два света“ од Сузана Тратник. Превод од словенечки јазик: Дарко Спасов. Видеото за книгата „Два света“ од Сузана Тратник е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија. #CreativeEurope4Books https://youtu.be/pHD0B1DC3h4 http://www.gotenpublishing.com/retsenzija-za-zbirkata-raskazi-dva-sveta-od-suzana-tratnik/

Продолжи со читање →

Преведувачката Екатерина Петрова на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта:...

Продолжи со читање →

Рецензија за романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини

(Рецензија на Сашо Огненовски за романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини, во превод од италијански јазик на Анета Симовска, а во издание на издавачката куќа „Готен“) Збунетост, па надмоќност, неконтролирана желба да се биде забележан, страв и возбуда, гнев и несигурност, лутина и копнеж за задоволство, длабока потреба да се биде разбран, прифатен, да бидеш ти, неподнослив нагон да те снема, неконтролиран порив да ги уништиш сите што се виновни за состојбата во која се наоѓаш, да му се стави крај на целиот свет кога веќе не можеш да бидеш со неа – секој што „ги преживеал“ тинејџерските...

Продолжи со читање →

Видео за романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини

Видео за романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини. Превод од италијански јазик: Анета Симовска. https://www.gotenpublishing.com/objaven-romanot-amok-luksemburshka-lubovna-prikazna-od-pisatelot-od-luksemburg-tulio-fordharini/ Видеото за книгата „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија. #CreativeEurope4Books https://youtu.be/SvUAPBY4Zqw

Продолжи со читање →

Видео за романот „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел

Видео за романот на „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел Превод од германски јазик: Ива Фиданчева „Средиштето на светот“ е роман за проблемите поврзани со растењето, пубертетот,зависта и љубомората, пријателството и љубовта. Седумнаесетгодишниот Фил се чувствува како аутсајдер уште откога знае за себеси. Но, ипокрај различните чувства што го обременуваат решава да не остане само пасивеннабљудувач на својот живот. Секако дека не може да биде таков кога е опкружен сосвојата мајка Глес, која го живее животот по свои правила и го поттикнува Фил да бидееднакво силен. Тука се и неговата сестра Дајан, која е непредвидлива и своеглава, сосопствени тајни; неговиот...

Продолжи со читање →

Рецензија за романот на „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел

(Рецензија на Сашо Огненовски за романот на „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел) Првата љубов е секогаш искуство кое останува во сеќавање без оглед на неговата одрживост. Етеричноста на приказната што многу питко ја раскажува Андреас Штајнхефел ни донесува еден многу интересен свет перцепиран од младиот Фил кој на своите 17 години се обидува да се пронајде себеси низ процепот на традиционализмот и малограѓанштината преку патот од едно малечко гратче во Германија, во малата вила Визибл. Имено, Глес, неговата мајка живее со него и неговата сестра близначка Дајан, две нејзини деца од за нив непознат татко. Фил има хомосексуална ориентација...

Продолжи со читање →

Петти ден  на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите што се одржува од 13 до 18 мај во Струга

Деа Видовиќ, директорка на фондацијата „Култура нова“ од Хрватска, беше задолжена за водење на програмата на петтиот и последен ден на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите. Главните теми на нејзиното предавање се однесуваа на создавањето услови за дијалог при креирањето на политиките и создавањето културни политики со учество на колку што е можно повеќе учесници во процесот. Во вториот дел од својата сесија, Видовиќ ја организираше работилницата „Како да се завршуваат работите“, инспирирана од концептот „сè е можно“.  http://www.gotenpublishing.com/prevodite-se-sushtinskiot-most-pri-zgolemuvaneto-na-vidlivosta-na-delata-od-malite-jazitsi-chetvrti-den-akademija-za-literaturen-menadhment-i-promotsija-na-prevodite/ Програмата беше затворена со претставувањето на фестивалот Струшки вечери на поезија. Фестивалот го претстави директорот Тодорче Тасевски. Во своето...

Продолжи со читање →

Преводите се суштинскиот мост при зголемувањето на видливоста на делата од „малите“ јазици – четврти ден Академија за литературен менаџмент и промоција на преводите

Еден од најинтересните аспекти на Академијата дефинитивно е отворањето различни теми и пристапи кон прашањето на литературниот менаџмент, со постојаното инсистирање на тоа дека преводите се суштинскиот мост при зголемувањето на видливоста на делата од „малите“ јазици.  Почетокот на четвртиот ден беше посветен на културните политики на јавните институции и фондации кои се занимаваат со обезбедување системска поддршка за превод, објавување и циркулација на книжевните дела.  Јана Генова од „Некс пејџ“ во своето воведно излагање ја потцрта улогата на министерствата за култура и националните агенции за книга кои се главни актери при креирањето квалитетни јавни културни политики. Во оваа сесија онлајн...

Продолжи со читање →