Во рамките на Филмски фестивал за човекови права Кинотека на Македонија Селектор на филмската програма: Петар Милат 18 ноември (петок) Како прелудиум 20:00 АУСТЕРЛИЦ (Austerlitz) Документарен, Германија Режија: Сергеј Лозница Сценарио: Сергеј Лозница 2016 г., 74 мин., црно-бел, ДСП Новиот филм на Сергеј Лозница Аустерлиц е остар, но богат и комплексен портрет на група туристи, кои се во посета на поранешен нацистички концентрационен логор, а на моменти претставува иронична студија на врската (или судирот) помеѓу современата култура и светоста на местото. Клучното прашање кое е провокација за авторот е што се случува кога ќе се сретнат меморијалното и музеолошкото -...
Бојан Бабиќ промоција на книгата „Илегален Парнас“ и разговор- „Што значи да се биде странец?“ со Никола Гелевски и Роберт Алаѓозовски
