Промоцијата на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман се одржа на 12 септември, со почеток во 20.30 часот, во просториите на „Кино Култура“. Промотор на изданието беше Ермис Лафазановски. „Клада“ е третиот роман на унгарскиот писател од поновата генерација Ѓерѓ Драгоман. Романот претставува возбудлива комбинација од роман за растењето и созревањето, историски роман и книга напишана во традицијата на магичниот реализам. Станува збор за напната приказна поставена врз фонот на револуционерните случувања при падот на комунизмот во источна Европа. Главниот лик е Ема, девојче спасено од дом за сираци од нејзината необична баба, која никогаш претходно не ја сретнала. Раскажан од перспектива...
Промоција на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман
