Четврток, сабота или вторник – времето, местото или часот можеби се важни многу подоцна кога ќе им се навраќаме на спомените од најраните периоди на нашето созревање, ама во мигот кога се случува единствено важни се само неколку нешта – мирисот, топлината, и нашата големина во очите на другиот. Затоа што тоа е она што се случува кога не знаеме дека е можно, кога „не знаеме зошто го чекаме, а, сепак, го чекаме“. Отпосле дознаваме дека се вика љубов и дека знае и да боли и да се измолкне во нешто што никогаш не сме ни помислувале дека може да...
Книгата „Јоел и Ио Љубовна приказна“ од Геир Гуликсе издадена на македонски јазик
