Новости

Авторката Викторија Хоменко на резиденција во Скопје

Викторија Хоменко во текот на октомври е гостин на резиденцијалната програма за писатели на издавачката куќа Готен, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.

На презентацијата поднасловена како „Два фокуса. Две Граници. Два лични погледа на литературниот процес“, авторката зборуваше за односот меѓу документарното и фикцијата. Исто така, таа го престави својот фанзин направен во соработка со современиот украински уметник Дима Красниј, а зборуваше и за одредени тенденции во современата украинска литература.

Викторија Хоменко е писателка и продуцент од Киев. Работела како независен филмски критичар и публицист за неколку национални медиуми во Украина.

Сега работи како дел од тимот на Меѓународниот документарен филмски фестивал за човекови права. Исто така е продуцент на документарни и играни филмови. Професионално занимавајќи се и со пишување и со креативна продукција, во своите дела ги истражува прашањата за јавните и интимните односи и нивните трансформации. При пишувањето користи документаристички и антрополошки методи.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги Традуки.



Остави Коментар