The Residency is pre arranged by Reading Balkans project in cooperation with the Publishing House Goga (Slo), Goten Publishing (MK), Krokodil (Srb), Udruga Kurs (Cro), Poeteka (Alb), Qendra Multimedia (Kos), PEN BIH and S. Fischer Stiftung (De) & partners. Reading Balkans project is supported by the EU Creative Europe program. The Literary Residence Programme ‘Reading Balkans 2020’ is open to welcome fiction writers, poets, essayists, playwrights, screenplay writers and comic book writers from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Kosovo, Bosnia & Herzegovina, North Macedonia, Albania, Romania, Montenegro, Bulgaria). We are in particular paying attention to writers who are innovative, who...
Рецензија во „Гардијан“ за „Чистка“ на Софи Оксанен
Софи Оксанен дефинитивно е една од моментално најголемите млади ѕвезди не само на финската туку и на европската литература. Моментално на македонски јазик е достапен само нејзиниот роман „Чистка“, книгата која на најдобар начин го доловува нејзиниот пристап кон големите историски теми. На следниот линк можете да ја прочитате рецензијата на „Гардијан“ за „Чистка“: https://www.theguardian.com/books/2010/aug/21/purge-sofi-oksanen
„Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер објавен на македонски јазик
Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. За овој роман, Зајлер ја доби Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“. 1989 година. Се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед бегајќи од големата лична трагедија заминува на балтичкиот остров Хидензе. Обвиен под превезот на митовите, островот е позната дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. На островот, Ед завршува во „Еремитот“, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови. Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот...
Бројна публика на промоцијата на култниот роман „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс
„Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс е култен роман за историјата на летонскиот метал од средината на 90-тите години. За овој роман, македонскиот писател Бранко Прља вели: „Но, ова не е само книга за металци или за тие кои се заинтересирани за историјата на музиката туку и за секој што се интересира за една автентична, едноставна, непретенциозна и духовита приказна сместена во една постсоцијалистичка земја. За нејзината универзална вредност зборува и тоа дека по објавувањето книгата станала национален бестселер, ги добила наградите за дебитант на годината во Летонија и Европската награда за литература за 2014 година. Јанис Јоневс е вистински раскажувач!...
Промоција на „Стакларница“ од Даниел Одија во Скопје
Во „Стаклраница“ Одија главно пишува за проблемите на младите луѓе од општествените маргини додека се борат со недостиг на работта и животни перспективи. Со користење специфичен јазик, сленг, необични идиоми, авторот создава галерија ликови кои често се изгубени, исклучени од пософистицираните општествени текови, приудени да се борат за својата основна егзистенција. За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана. Даниел Одија (1974) е еден од најзначајните полски писатели од поновата генерација. Освен раскази, објавил и неколку романи. Сепак, Одија е вистински мајстор за контрапункот и хуморот, па колку и неговиот...
Готен ја објави „Тврдината“ – втор дел од трилогијата за крстоносните војни
Издавачката куќа Готен го објави романот „Тврдината“ на современиот естонски писател Тијт Алексеев. „Тврдината“ е вториот дел од трилогијата за крстоносните војни на естонскиот писател, историчар и дипломат, Тијт Алексеев. Романот претставува драматична и набиена со пресвртни настани приказна за освојувањето на Антиохија од страна на крстоносците. Станува збор за возбудлив роман за важноста на човековите релации, лојалноста, љубовта, за пријателството. Алексеев собирал материјали за романот повеќе од десет години и ги посетил главните места каде што се одвивале борбите. Како резултат на тоа, во романот прецизно е реконструиран средновековниот свет, заедно со неговите вредности и мани. Преводот на книгата...
Готен го објави романот „Чистка“ од современата финска писателка Софи Оксанен
„Чистка“ е возбудлива и напнатата приказна за две жени следени од своето минато и мрачната, неискажана историја што ги поврзува. Кога Алијда Труу, постара жена што живее сама во едно естонско село, ќе ја пронајде разбушавената и неуредна девојка легната во нејзиниот двор, таа ги потиснува своите сомнежи и ѝ понудува засолниште. Зара е пребегната млада жртва на сексуална трговија, но фотографијата што ја носи со себе наскоро покажува дека пристигнувањето во домот на Алијда не е случајност. Набрзо нивната драма добива силен интензитет, при што од под површината излегуваат голем број напластени приказни за ривалството, страст и загубата одиграни...
Рику Корхонен го претстави својот „Медицински роман“ пред македонската публика
„Медицински роман“ е прекрасен роман за љубовта, смртта и политиката. Ја раскажува приказната за четири преплетени животни судбини... Крајот на летото во 2003 година е жешко и интензивно на многу начини. Во Ирак, западните сили ветуваат дека во земјата ќе ги донесат демократијата и капитализмот. Далеку од овие битки, во еден приморски град во северна Европа, младиот Никлас многу време поминува во пиење и во грижа за својата девојка Ина, чиј татко умира од рак. Една ноќ Никлас доживува визија што го променува. Верува дека нашол лек за причините за грижите на својата девојка. Во овој прекрасно напишан роман, Корхонен...
Книжевен разговор со писателот Енес Халиловиќ
Издавачката куќа „Готен“ организираше книжевниот разговор со писателот Енес Халиловиќ, кој се одржи во рамки на книжевниот фестивал „Букстар“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Водител на разговорот беше Владимир Јанковски. Енес Халиловиќ во текот на ноември е на резиденцијален престој во Скопје, во рамки на програмата за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки. Енес Халиловиќ (1977, Нови Пазар) е поет, раскажувач, драмски писател и новинар. Ја има основано новинската агенција „Санапрес“, книжевното списание „Sent“ и интернет-списанието за книжевни интервјуа „Екерман“. Ги има објавено...
Разговор со Рику Корхонен по повод добивањето на Наградата на Европската Унија за литература (видео)
Финскиот писател Рику Корхонен престојуваше во Скопје во рамки на фестивалот „Букстар“, каде што на 20 ноември беше одржана промоцијата на неговата книга „Медицински роман“. За овој роман, во 2010 година Корхонен ја доби Наградата на Европската Унија за литература. Погледнете го видеото направено по повод добивањето на оваа награда: https://www.youtube.com/watch?v=BSQmxar0KIw