Почитувани, Задоволство ни е да ве поканиме на поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ (1975г.), прва од новите шест автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Поетската вечер ќе се одржи во сабота, 23 април, во 20 часот, во кафе книжарница Магор. Воведна реч за поетесата ќе одржи д-р Владимир Мартиновски, а стиховите на македонски ќе ги кажува препејувачот на Храстељ, Дарко Спасов. Музичка поддршка на настанот ќе даде групата Тркалезна маса, адхок бенд на неколку познати музичари. Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае...
Поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа
