Почитувани, Задоволство ни е да ве поканиме на поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ (1975г.), прва од новите шест автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Поетската вечер ќе се одржи во сабота, 23 април, во 20 часот, во кафе книжарница Магор. Воведна реч за поетесата ќе одржи д-р Владимир Мартиновски, а стиховите на македонски ќе ги кажува препејувачот на Храстељ, Дарко Спасов. Музичка поддршка на настанот ќе даде групата Тркалезна маса, адхок бенд на неколку познати музичари. Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае...
Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга
Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга Добитници на наградата на ЕУ за литература Виктор Хорват и Пјер Џ. Мејлак, ќе имаат промоции на Саемот на книга. Нивните наградени дела, Турско огледало на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и Ноќта те разубеди на Пјер Џ. Мејлак, во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот. Освен промоциите, писателите ќе имаат неколку средби со читатели, со студенти, со друштва на пријателство. Централниот настан ќе се одржи во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 19...
Книжевна вечер со Лара Миховиловиќ, од Словенија, гостинка на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа
Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје во текот на ноември престојуваше поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ, од Словенија.
Господар на Скопје и други песни, книжевна вечер со Ахмед Буриќ, од Босна и Херцеговина, гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа
Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје престојува познатиот босанскохерцеговски колумнист, книжевник и преведувач Ахмед Буриќ.
Проѕирен преведувач – Преведувачка работилница со Огнен Чемерски
По повод 30-ти Септември, Светскиот ден на преведувачите
Место: Клуб ГЕМ, среда, 30-ти Септември, 19 часот
Имануел Мифсуд од Малта, гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга
Еден од најреномираните современи автори од Малта, Имануел Мифсуд, добитник на Европската награда за литература, е гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга. Токму награденото дело на Мифсуд „Во името на таткото (и на синот“, тукушто излезе од печат во едицијата „Контемпоранеа“ на Готен и ќе биде промовирано, во четврток во 17 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книга. Книгата ја преведе Владимир Јанковски. Во чест на авторот, во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 20 часот ќе се одржи дискусија на тема „Писателот и општествените трауми“, инспирирана и од тековните настани во земјата и...
Call forapplications: Literary Residency “Absolute Modern”, Skopje 2015
Goten Publishing House in cooperation with the TRADUKI network invite writers and translators from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Albania, Kosovo, Bosna and Herzegovina, Montenegro, Bulgaria and Romania) to apply for writers-in-residence program «Absolute Modern», in Skopje, Macedonia.
Ротару, Кисјов, Аполони, Дрндиќ, Поланц, Чатер и Панчиќ на Апсолутно Модерен 2014
Седум автори ќе престојуваат во Скопје во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа.
Две авторски вечери со Теофил Панчиќ во Скопје и Битола
Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки во март во Скопје престојуваше Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник Време и коментатор на радиото Слободна Европа, како и на редица други медиуми во регионот.
Промоција на Опсада на црквата Свети Спас
Опсада на црквата Св. Спас е ремек-дело на српската книжевност. Во него, користејќи ги најдобрите манири на постмодерната нарација, Горан Петровиќ опфаќа неколку векови на историја и култура, од раниот среден до крајот на дваесеттиот век, при што вешто испреплетува моќни архетипски слики и метафизички слоеви, но и многу енциклопедиски референци, во духот на борхесовски библиофил. Со тоа создава повеќеслоен роман, околу чиишто значења сѐ уште се пишуваат научни студии, но и се кршат копјата во книжевната критика. Најдоминантниот слој во романот е силно инспириран од византиската духовност и српската црковна традиција и тоа се гледа во самата градба на...