„Меѓународна книжевна комуникација и промоција на преводот“ беше насловот на првата сесија под водство на Дијана Волтерс, меѓународен експерт и консултант за културно наследство.
Оваа динамична сесија беше отворена со исклучителното излагање на Владислав Бајац, автор и сопственик на издавачката куќа „Геопоетика“, личност со огромно искуство во областа на издаваштвото и преведувањето. Меѓу другото, Бајац се осврна на значајните фактори што влијаат на тоа авторите од „малите“ земји да бидат видливи во пошироки рамки, потенцирајќи го проектот на „Геопоетика“, „Српска проза во превод“, проект кој доби голем одек надвор од границите на Србија.
Вториот дел од оваа сесија, наречен „Мапирање на полето“, почна со важната максима: „Да направиме нешто конкретно што ќе ги промени работите, мапа на она што сакаме да го видиме и да го промениме“. Во рамки на оваа сесија беа поставени три важни прашања:
📖 – Кои се придобивките од поголемата промоција на преведената литература од „малите“ јазици?
📖 – Кои се пречките за поголема продукција и промоција на преведената литература од „малите“ јазици?
📖 – Кои се главните актери/агенти на промената што можат да ја зајакнат литературата пишувана на „малите“ јазици?
🎤 „Отворен микрофон – петминутно претставување на проектите на учесниците и дискусија“ беше делот од сесијата во којшто издавачи, автори и преведувачи зборуваа за своите искуства, изданија и издавачки стратегии. Овој дел од сесијата донесе различни искуства од некои од учесниците во Академиjата – Катерина Фрагу, Ана Марија Грбиќ, Станислава Николиќ Арас, Танос Гогос, Реџеп Хида, Јасмина Топиќ, Данил Даниел, Ирена Точи, Тодора Радева, Иван Сршен, Манол Пејков, Марија Дејановиќ, Сашо Огеновски.
Почнува првата сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите
Една од најважните максими на овој интензивен и продуктивен ден на Академијата беше дека издавачите, авторите и преведувачите треба да имаат длабок увид во книжевниот контекст со кој се занимаваат, а промоцијата на книжевните дела претставува врв на овој процес.
#BalkanTranslationsCollider #BalkanTranslationsColliderAcademy
#CreativeEurope4Books
📷 Sonja Stavrova