На денешниот состанок на Работната група за изработка на Новата стратегија за развој на културата 2023-2027 на членовите на Работната група, претставници од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, претставници на институции од културата и експерти беше поделена и презентирана студијата „Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализа и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“.
Меѓу другите, на состанокот беа присутни Катерина Пејкова, државен советник во Министерството за култура,Виолета Качакова, независна консултантка, подготвувач на Стратегијата за култура на Град Скоје и Националната стратегија за млади, Маја Вељковиќ, директор на Драмски театар, Дита Старова Ќерими, директорка на Националнатагалерија на Република Северна Македонија, Билјана Тануровска Ќулавковска, доктор на науки по менаџмент во културата, Филип Јовановски, независен продуцент, Јане Вртески, независен консултант, учесник во изработка на многу стратешки документи, последно ма Националната развојна стратегија, 2024-2044.
Оваа студија е дел од проектот Balkan Translations Collider, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, под водство на фондацијата „Некст пејџ“ од Софија. Проектот се реализира во соработка со партнери од регионот на Западен Балкан: „Поетека“ (Албанија), „Готен“ (Северна Македонија) „Аргх!“ (Србија), „Сандорф“ (Хрватска), Секретаријатот за култура и спорт – Подгорица (Црна Гора).