Издавачката куќа „Готен“ ве информацијата за промоцијата на студијата „Сите драјвери вклучени!“ и разговорот за македонската литература во превод, што ќе се одржи во четврток (24 ноември), во КСП Центар – Јадро, со почеток во 20 часот.
Студијата ја анализира состојбата на преводот на македонската литература на европските јазици во периодот од 2015 до 2020 година и е прва публикација од овој тип во нашата земја.
- Препорки
1.1. Сегашниот Сектор за книга при МК да се трансформира во генеричка агенција, слично на Агенцијата за филм, а по урнекот на ЈАК, со следните функции:
– организација и планирање на претставувањето и промоцијата на македонската литература во странство;
– собирање и посредување информации за квалитетни дела;
– гостувањето на саеми;
– соработката со сите еснафски здруженија и комори на преведувачи, издавачи, автори;
– поддршка за развој на капацитетите на сите чинители;
– контрола на квалитетот;
– евалуација, мониторинг;
– архивирање, подготовка на датабази, анализа на податоци;
– транспарентно и отчетно работење врз база на претходно утврдени критериуми.
1.2. Во рамките на Секторот да се создадат грант-линии
за поддршка на:
– превод на книжевни дела на странски јазици;
– превод на извадоци за саеми, книжевни агенти, привлекување издавачи;
– поддршка за објавување рецензии во странски медиуми;
– поддршка за објавување на специјални броеви, емисии, темати и сл., на списанија, медиуми, електронски медиуми и сл.;
– поддршка за маркетинг и промотивни активности;
– поддршка за учество и гостување на саеми, промоции, фестивали, турнеи;
– поддршка за преведувачки усовршувања, семинари, резиденции, престои.
1.3. Да се обезбеди соодветна висина на финансиска поддршка за преводите, хонорарите да бидат споредливи со хонорарите во земјите во кои се пласираат преводите.
1.4. Да се направат тригодишни планови за промоција на македонската литература во странство:
– со автори избрани транспарентно врз база на рецентни награди, стручни критики, издавачки интерес, тираж и интерес од публика;
– со унифицирано мото, дизајн, бои, штанд, промотивен материјал (био, рецензии, прес-клипинзи);
– со соодветен избор на саеми.
Дел од препораките во студијата Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализи и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“.
Настанот е дел од проектот „Balkan Translations Collider“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.