Два света

Сузана Тратник е една од најистакнатите современи словенечки писателки. Пишува раскази, романи, публицистички и теориски дела. Се смета за една од зачетничките на ЛГБТ сцената во поранешна Југославија. Како и во другите нејзини книги, и во Два света авторката се занимава со лезбијските искуства и прашањата поврзани со општествените норми. Хомосексуалната перспектива е дадена низ призмата и на младешкиот и на возрасниот живот. Ликовите во книгата како да се заробени во два различни света, при што она што се споделува е чувството на изолација и живот на општествените маргини. Книгата е објавена ос поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

200.00 ден

За Авторот

Сузана Тратник

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Два света”